Жител на фрнцускиот град Ван, Жулиен Шано, останал стаписан кога интернет магазин му испратил златни шипки наместо „купаќи“. Вредноста на ненадејниот подарок изнесувала 20.000 евра.
Дваесетиседумгодишниот Шано вели дека прво бил изненаден од тежината на пратката, што била значително поголема од таа на „купаќите“. Во пратката, исто така, имало и монети од почетокот на минатиот век.
На пратката била посочена и повратна адреса. Французинот се обидел лично да ги врати златото и монетите, но испраќачот не бил дома. Тогаш Шано ја однел пратката во полиција. Сега полицијата го бара испраќачот, а Шано останал без „кушаќите“.
Comments are closed for this post.