Леонардо Ди Каприо сбеше во познатиот клуб „Црвена соба“ во Милано во повеќе од интересно друштво.
Со Лео беше и актерката Мадалина Дијана Гена, која важи за најубавата Романка . Шармантна бринета родена во Слатина, со години живее во Италија, каде успешно се занимава со својот бизнис.
Мадалина беше фотографирана како влегува во автомобилот на познатиот актер. Таа отиде во клубот во комбинезон со светки и сандали со огромни потпетици.
Заводливата Мадалина беше со Леонардо во 2011 година, додека во Австралија се снимаше филмот „Големиот Гетсби“ во кој тој ја толкува главната улога. Таа врска траеше кратко, а по сликите од Милано многумина се прашуваат дали ја обновиле романсата или останале во пријателска врска.
Comments are closed for this post.