Администрацијата на катедралата „Светото семејство„ („Саграда Фамилија„) постигнала договор со градските власти на Барселона во врска со тоа што повеќе од 130 години изградбата на импозантната црква се одвивала без одобрение.  Според BBC News, администрацијата на катедралата се согласила во период од 10 години да плати 41 милион долари во замена за  неопходните градежни дозволи.

Од градската управа парите ќе бидат искористени за подобрување на транспортна инфраструктура, за уредување на околните четврти и за оптимизација на условите за проток на огромниот број туристи.

Во официјалното соопштение на страницата на „Светото семејство„ не се споменува конкретна сума, но се потврдува договорот. Се посочува дека администрацијата на катедралата претходно ќе ја претстави првичната верзија на проектот на архитектот Гауди.

Ова е историски ден. А, велеа дека тоа што не е сторено 130 години и ние нема да можеме да го направиме, изјави градоначалничката на Барселона, Ада Колау, која подвлече дека катедралата се наоѓа на листата.

На недовршеното дело на Антони Гауди по неговата смрт работеа голем број архитекти, кои имаа само усна дозвола за градба бидејќи земјиштето и објектот не беа легализирани. Саграда Фамилија денес е најпосетуваната и најпозната туристичка атракција во Барселона и Каталонија, привлекувајќи преку 20 милиони посетители годишно.

До вчера фалеше потребната документација за да биде завршена изградбата, но сега конечно ја доби – 136 години откако започна изградбата. Концесионерите кои стојат зад црквата успеаја да постигнат договори со градскиот совет и конечно им беше издадена дозвола за градба. Објавено беше дека 22 милиони евра ќе бидат одвоени од фондот за да се добие потребната дозвола, од кои 7 милиони ќе бидат насочени кон подобрување на метро железниците, 4 милиони ќе бидат инвестирани во реновирање на околните улици а 3 милиони ќе бидат потрошени на одржување на хигиената во тој дел од градот.

„Саграда Фамилија е икона и најпосетениот објект во нашиот град. По двегодишен дијалог дојдовме до договор за добивање на потребната документација за изградба на црквата и реновирање на околниот дел од градот“, напиша на Twitter градоначалничката на Барселона, Ада Колау.