Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на проф. д-р Васил Тоциновски (Северна Македонија), д-р Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина) и Олга Лалиќ – Кровицка (Полска). Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, а годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.
Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на проф. д-р Васил Тоциновски (Северна Македонија), д-р Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина) и Олга Лалиќ – Кровицка (Полска).
Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, а годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.
Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.
Доделувањето е во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, а досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Македонија-Србија), Кирил Темков (Македонија), Жан-Патрик Конрад (Англија-Франција), Зафир Хаџиманов (Македонија-Србија), Вања Ангелова (Бугарија) и Миле Топуз (Македонија).
Comments are closed for this post.