Начо Видал, познатиот шпански порно глумец, има ХИВ. Филмската индустрија во Европа е парализирана. Целата продукција на „икс филмови“ е паузирана еден месец. Тоа е вообичаен протокол кога некои од актерите ќе се инфицираат со сексуално пренослива болест.

Во моментов, сите порно актери, дури и оние кои немале контакт со Каталонскиот актер, ќе бидат подложни на медицински тестирања. Индустријата е шокирана од веста, а тестот кај Видал бил спроведен во една од најдобрите клиники во Барселона.

Начо Видал е тестиран на една од најдобрите клиники во Барселона и неговиот резултат е позитивен“, пренесува шпанскиот Насионал, кој прв ја објави веста дека глумецот е инфициран.

Новинарите од овој медиум се обиделе да земат изјава од Вадал, но тој не бил расположен за разговор.

„Не знам од каде ви е информацијата дека сум заразен. Тоа е неумесно прашање. Ништо повеќе не сакам да кажам“, рекол Видал.

Здравствените служби во Шпанија ги повикале сите порно глумици кои имале секс со него да се тестираат. Наводно Видал имал секс без заштита со најмалку девет колешки.

Првите реакции почнаа да пристигаат од порно индустријата каде денеска ова е топ вест.


Чешката порнографска индустрија објави дека 14 сцени кои биле планирани да се снимаат ќе бидат откажани бидејќи безбедноста на глумците од Европа им била на прво место.


Откако ќе помине рокот од месец дена, сите вработени ќе мора да достават два негативни ХИВ тестови пред повторно да почнат да снимаат.

Шпанскиот порно актер Начо Видал снимил повеќе од 1.500 порно филмови или поточно, во својата порно кариера досега бил дел од вкупно 5.000 секс сцени.