За време на тридневниот фестивал за електронска музика во Сплит „Ултра Јуроп“ приведени се 352 лица, наплатени се казни во вредност од 130.000 евра и одземени се два килограми различни видови дрога.
Сплитската полиција приведе 255 странски и 97 хрватски државјани за време на фестивалот, пренесе хрватската агенција Хина.
Полицијата пронајде и одзеде вкупно 716 парчиња екстази, 1.593 грама марихуана, 29 таблети и во помали количини кокаин, хашиш и кетамин.
Comments are closed for this post.