Овој петок, на Стадион на АРМ ќе се одржи ултимативната летна музичка фрка – Скопје колинг 2023, на која пред скопската публика ќе се претстават Нина Кравиц, Лајбах, Констакта и земја грува, Буч Кесиди и Нипл Пипл.
Лајнапот е за публика од седум до 60-70 години, ако имаме предвид дека публиката на Констракта и Буч Кесиди е помлада, а публиката на Ниплпипл и Нина Кравиц е од средни години. Продукциски, сè ќе биде на највисоко светско ниво, вели Бобан Милошески.
Според организаторите, Скопје колинг е пософистициран фестивал за сите генерации, додека петвечерниот Охрид колинг, исто така во нивна организација, ќе биде покомерцијален и повеќе наменет за младата публика.
Организаторите соопштија дека саатницата за настап ќе биде објавена деновиве до одржувањето на фестивалот. Организаторите на прес конференција, единствено открија дека на отворањето на музичкиот спектакл ќе биде отворен по стемнување со музичко-визуелното шоу на „Лајбах“ кое би почнало некаде по 21 часот.
Comments are closed for this post.