Во угледниот неделник „Шпигел“ за книга на неделата е избрана збирката раскази „Мојот маж“, бестселер на македонската писателка, професорка и преведувачка Румена Бужаровска. Книгата во Македонија во 2014 ја издаде „Или-или“, а германското издание во превод на Бенјамин Лангер, излезе на 7 март годинава при реномираната издавачка куќа „Зуркамп“.
Румена Бужаровска е Македонка која напиша вистински бестелер со раскази за 11 мажи. Книгата е забавна за читање затоа што е толку лута, затоа што е толку полемична. И никогаш не сум прочитала сексуални сцени толку смешни како оние кај Бужаровска, кога сè оди наопаку“…„Единаесет приказни: Никогаш не е истиот маж или истата жена. Но, секоја приказна ја раскажува жена и е за нејзиниот сопруг. Тој веќе може да биде мртов. Може да биде гинеколог, уметник, дипломат. Но, секогаш станува збор за брак или семеен пекол, што овие жени го опишуваат. Тоа се глупави лажговци, мажите, мачорите, кои ги изневерувале. А, она што започнало убаво како љубов, тргнало наопаку. И така, секогаш постои подгласок на тага меѓу овие лути приказни. Имаше љубов таму некогаш. Некогаш беше убаво. Како се изгуби сето тоа?, стои меѓудругото во рецензијата.
Comments are closed for this post.