Младинскиот културен центар од денеска е полноправна членка на најреномираната мрежа на концертни сали во Европа, Лајвјуроп (Liveurope). Станува збор за мрежа на легендарни европски концертни сали кои се од огромна важност за функционирањето на европската музичка индустрија.
„Лајвјуроп“ е платформа која се перцепира како сертификат за квалитет кој се доделува на концертни сали кои работат посветено на претставување на европската култура, на европската музичка сцена. До минатата година имаше 16 вакви концертни локации од 16 држави во Европа, меѓу кои се Ансен Белжик од Брисел и Вега од Копенхаген, а единствена од регионот беше Кино Шишка од Љубљана. Од годинава, МКЦ заедно со уште 4 концертни сали од Линц, Братислава, Загреб и Солун стануваат дел од оваа платформа.
Со тоа, Град Скопје се позиционира како битна локација во европската и светската музичка сцена и дополнително се приближува до престижното признание Европска престолнина на културата за 2028 година, на што Град Скопје посветено работи изминатите три години, рече денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
За Русе Арсов, директорот на МКЦ ова е награда за сè она што го работеле изминатите години, а посебно последната година во време на пандемија беа сработени околу 130 концерти. Мрежата
Лајвјуроп, e најстарата европска музичка платформа создадена со цел соработка на култни музички центри кои работат заедно за да ја зајакнат различноста на европската богата музичка сцена е кофинансирана од Креативна Европа, програма на Европската унија.
Comments are closed for this post.