Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска распиша конкурс за дизајн на постер за овогодишното издание на фестивалот „Здраво Млади“. Оттаму велат дека на конкурсот ќе бидат наградени три дизајни, додека првонаградениот ќе биде официјален дизајн.
Истовремено, наградите се во вредност од, 12.000 денари за првата награда, 5.000 денари за втората награда, додека третата награда е во вредност од 3.000 денари.
Во тек се подготовките за 11-тото издание на фестивалот на нова музика и сакаме постерот/дизајнот за ова издание да го направите вие. Некој/а што го сака фестивалот, кој/а имал/а идеја и замисла како може да изгледа ликот на омилениот негов/нејзин фестивал. Така што, доколку имате идеја и желба да бидете дел од фестивалот, седнете и изразете се најдоцна до 14 февруари и пратете ни предлог како мислите дека треба да изгледа дизајнот за ЗДРАВО МЛАДИ 11, стои во соопштението на МКЦ.
Пристигнатите дизајни ќе бидат дел од групната изложба која ќе се реализира во рамки на 11-то издание на фестивалот, закажано за 26 и 27 август, велат од МКЦ. Предлозите, како што додаваат, може да се испратат на info@mkc.mk со наслов „и јас сум ЗДРАВО МЛАДИ 2021“ најдоцна до 14 февруари 2021.
Comments are closed for this post.