Владо Јаневски синоќа одржа концерт по повод 25 години од неговата кариера. Владо докажа зошто е најголема македонска ѕвезда.

Повеќе од два и пол часа ја држеше публиката во Борис Трајковски“ на нозе, од прва до последна песна. Очигедно дека публиката ги сака неговите хитови, некои изведени кога дел и не биле родени.

Владо беше расположен, скокаше и комуницираше со публиката а таа му враќаше со аплауз и врисоци. Облечен во црно-бела спортска варијанта, со изглед кој не наликува дека има 58 години.

Кулминацијата на концертот беше песната Црно тиквешко и Само дома си е дома, на која публиката направи свод од ѕвезди со своите мобилни телефони.

Владо нагласи дека никогаш не посветува песна но најновата „Откако си негова“ и ја посвети на манекенката Вера Мештеровиќ која не беше присутна на концерот.

За крај на концертот следуваше бевременската „Некогаш и негде“ која публиката ја пееше во еден здив и неколку брзи песни во диско ритам.