Македонскиот режисер, Кузман Кузмановски, го доби признанието за неговиот филм на шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Славјанска приказна“ во Софија, што се одржа од 7. до 10. септември.

Филмот се прикажа пред фестивалската публика на 8. септември, вториот ден од ова филмско случување.

Наградата е потврда на правилото дека кога нешто се работи од срце, тоа ќе биде забележано и вреднувано. И се заблагодарувам на целата екипа која се вложи максимално професионално во овој филм – посочува режисерот Кузмановски.

Во филмот се обработува интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.

Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички, Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков, Пирунка Киселички и Мартин Минговски.

Филмот се прикажува на репертоарот на киното „Синеплекс“ во Скопје.