Меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први“ ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба, во организација на Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, а во партнерство со Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“.

Симпозиумот е традиционално вклучен во годишната програма на Министерството за култура и на Градот Скопје, a e поддржан од Италијанската амбасада, Музејот на македонската борба, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија…

На отворањето на симпозиумот ќе се обратат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, проф.д-р Џузепе Маино, коорганизатор од Унивезитетот во Болоња, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и член на организацискиот одбор, проф. д-р Драги Ѓорѓиев, директор на Институтот за национална историја, Даниела Николова, директор на Музејот на македонската борба и член на оргарнизацискиот обор, Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија, а писмено поздравно обраќање ќе има архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Симпозиумот, како што е најавено, ќе го отвори министерката за култура Ирена Стефоска.

Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан Први и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

Симпозимот ќе се реализира со комбинирано физичко и online учество. На шесте сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Музејот на македонската борба и преку online платформата Zoom, свои реферати ќе имаат 50-на еминентни проофесори и научници од Италија, САД, Австралија, Велика Британија, Русија, Шпанија, Полска, Чешка, Холандија, Австрија, Унгарија, Србија, Грција, Хрватска, Финска, Романија,

На почетокот од работниот дел, пленарното предавање ќе има еден од најеминентните светски византолози, проф. Антонио Риго од Универзитетот Ка’ Фоскари од Венеција, кој воедно е претседател на Италијанскиот византолошки комитет, кој ќе биде домаќин на Светскиот византолошки конгрес во 2022, во Венеција и Падова.