Војвотката од Сасекс, Меган Маркл покрена своја модна линија заради подршка на хуманитарната организација Смарт воркс, којашто им помага на невработените жени кои бараат работа.

Маркл, за таа цел, отпочна соработка со дизајнерката и нејзина пријателка Миша Нона и британските компании „Маркс енд Спенсер“, „Џон Луис енд партнерс“ и „Џигсо“. Се работи за колекција работна облека.

Како што пишува септемвриското издание на британски „Вог“, војвотката од Сасекс навестува дека таа колекција ќе се продава по принцип „еден за еден модел”, односно за секое купено парче, друго ќе биде донирано во хуманитарни цели.

Смарт воркс, како организација обезбедува опрема, облека и обука за разговори за работа на жени кои бараат вработување. Досега, на овој начин помогнато им е на над 11.000 Британки.