Актерката Селма Хајек пред неколку дена зачекори во шестата деценија од животот прославувајќи го 53 роденден. Без разлика на годините таа и понатаму зрачи со сексипил, убавина и совршен изглед.
Таа на својот Инстаграм профил сподели видео од прославата на роденденот во Лондон и покажа како нејзиниот сопруг, бизнисмен од Франција, Франсоа Анри Пино, ја „почести“.
На објавената снимка Селма седи на столче пред торта, а нејзиниот сопруг со поддршка на останатите гости и заби торта во лицето, па потоа ја бакна.
Ја сакам оваа мексиканска традиција, но најдобриот дел од сè е бакнежот. Ти благодарам, лубов, најдобар си!, напиша Селма во описот на видеото.
Comments are closed for this post.