Владимир Чадиковски е Маж на годината за 2018 година. Изборот беше во организација на Friday.mk и Моментум.
На гала вечерта која се одржа во Тренд Гастро Бар, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 10–те најуспешни Мажи во Македонија за 2018 година.
Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Министерот за надворешна работи, Никола Димитров.
Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“ доби награда за менаџер на годината во конкуренција на 12 најдобри македонски менаџери номинирани во оваа категорија.
Кирил Лазаров, пак, ја доби наградата за Маж на годината со најголем придонес во спортот. Лазаров, поради обврските, пред присутните на манифестацијата се обрати преку видео бим од Нант.
Наградата млад менаџер ја доби Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на „Адора“…
Наградата за маж странец во Македонија наградата отиде во рацете на Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп. За наградата за маж со најголем придонес во културата беше избран режисерот на „Исцелител“, Ѓорче Ставрески, а за маж со трајни вредности беше избран Трифун Костовски.
Наградата за маж во избор на социјални медиуми ја доби Огнен Јанески.
Доктор Владимир Чадиковски, покрај главната награда, го доби и признанието за Маж на годината за најголем општествен придонес.
Comments are closed for this post.