Еден од најпопуларните филмови на сите времиња, „Топ Ган“ се враќа на филмското платно. Ѕвездата на овој филм, Том Круз имаше ненадејно појавување на Комик-Кон за да го прикаже првиот инсерт од долгоочекуваното продолжение на овој акционен филм.
„Топ Ган: Маверик“, како што ќе се вика новиот филм, треба да почне да се прикажува во јуни 2020 година, а во него ќе се врати ликот на темпераментниот воен пилот, повеќе од 30 години откако на Круз му донесе светска слава.
Постојано ме прашуваат: Кога ќе снимиш втор? Бевте многу трпеливи и чувствував дека е моја одговорност тоа да го исполнам – истакна Круз пред обожавателите на Комик-Кон, каде се собираат љубители на филмови, телевизија и книги во Сан Диего.
Во продолжението на „Топ Ган“, филмот снимен во 1986 година, се појавуваат глумците Мајлс Телер, како син на пилотот Гус, кој го играше Ентони Едвардс и кој беше убиен за време на вежбите во првиот филм, а тука се и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, кој повторно ја има улогата на „Ајсмен“, соперникот на Маверик.
Watch the official trailer for #TopGun: Maverick starring @TomCruise. In theatres 2020. pic.twitter.com/J698eUnakI
— Top Gun (@TopGunMovie) July 18, 2019
Comments are closed for this post.