Марија Захарова е портпарол на руското Министерство за надворешни работи и човек од доверба на Путин и Лавров. Таа е новинарка која ја обожава дипломатијата и Русија.
Приватниот живот вешто го крие.Таа е мажена и има едно дете, а во слободно време пишува песни. Иако не може да мисли на Америка, се омажи во Њујорк, каде што работеше во канцеларијата на Руската Федерација. Сака да носи „Најк“ и да слуша музика на „Ајпед“Течно зборува англиски и кинески јазик.
Потекнува од семејство на интелектуалци. Нејзиниот татко бил дипломат во Кина за време на советската ера, додека нејзината мајка, историчар на уметност, работела во Московскиот државен музеј за ликовни уметности.
Comments are closed for this post.