Поранешниот менаџер и пријател на Сандра Мелниченко, Милан Врбиќ Врба, тврди дека манекенката не се омажила со Андреј поради пари.

Сандра е во брак со рускиот милијардер Андреј Мелниченко од 2005 година, а сведок на нивната љубов е Милан, кој бил на нивната свадба и е еден од ретките луѓе од Србија со кои манекенката останала во контакт.

 

Сандра навистина го сака Андреј, никогаш не ја интересирале парите. Кога го запозна, веќе одлично заработувала од манекенството и пеењето, па неговото богатство не и значело ништо. Најважно и беше да биде среќна, а среќата ја најде покрај Андреј-убедува Милан

Нив ги врзува голема љубов а Сандра е многу приврзана за својата мајка и свекрва, кои се постојано со неа., објаснува менаџерот.

Големите пари се голема одговорност. Речиси милион луѓе се вработени во нивните компании. Освен тоа, Сандра се занимава и со хуманитарна работа-додава Милан.