Борусија Дортмунд рутински го победи Динамо (3:0) во петтото коло од Лигата на шампионите. Најтиражниот германски и европски весник „Билд“ ја објави текст од натпреварот со наслов „ Борусија во буниште/шупа/дупка/депонија“, како што го нарекуваа стадионот “Максимир“.

– Источната трибина е целосно празна. Тоа е затоа што уште од сериозниот земјотрес во 2020 година, му се заканува колапс и не е безбеден за навивачите. Пукнатини има и низ целиот стадион и неговата внатрешност. Ова е вистинска депонија / барака / дупка / колиба! И покрај тоа, навивачите на Динамо го претворија Максимир во пеколен котел, но не можеа да ја вознемират Борусија.