Старата народна изрека „Колку пари, толку музика“ изминативе месеци македонските музичари ја почувствуваа на своја кожа, но по обратен редослед. Колку музика, толку пари или во превод – нула! Целосно обесправени, без владина поддршка и помош, македонските пејачи и бендови на свој грб понесоа огромен терет. Денес го креваат својот глас!
Музичарите повикувајќи ги сите засегнати од оваа индустрија, за денес најавија протест пред Влада. Протестот е закажан од 14 до 17 часот, под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“.
Истиот е замислен како музички хепенинг, а иницијативата за него почна на социјалните мрежи, каде бројни угостители и музичари го искажуваа револтот од најновите, поригорозни мерки на Владата за работа на угостителските објекти и локали и забраната за настапи.
Револтирани се од мерките кои (не)беа превземени, а згора на тоа министерот за здравство Венко Филипче покажа дрзок однос кон нив кога им порача:
Нека протестираат пред Инфективна клиника, нека ги погледнат во очи семејствата на оние кои се борат за живот и на оние кои починаа, а се заразиле најверојатно на нивните настапи и свадби каде што настапувале, лесно е да излезеш на протест, тешко е да седнеш и да најдеш решение кое ќе биде добро за сите…“ – меѓудругото им порача на музичарите пред утрешниот протест министерот Филипче.
Министерот треба да знае дека директната одговорност за поразителната статистика е најмногу на адреса на Владата која ја претставува, а најмалку кај музичарите!
извор: Курир.мк
Comments are closed for this post.