Не за џабе се вели дека ако имаш харизма сите врати ти се отворени. Тоа секако може да се каже за хрватската пејачка Нина Бадриќ која синоќа одржа концерт во македонската филхармонија.

Облечена во црна комбинација делуваше елегантно на сцената. Публиката, особено женска ја сака, и ги знае песните кои допираат до најдлабоките емоции. „Дани и године“, „Чаробно јутро“, дуетот „Немој“ со Петар Грашо и нејзниот најголем хит “Такви како ти“.

На средина од концертот нѐ потсети на нејзините пријатели Оливер Драгоевиќ и Масимо Савиќ и во нивна чест ги испеаја „Старим“ и „Странац у ночи“. Кога сите мислеа дека е крај на настапот, Нина на сцената ги повика браќата Тавитјан и заедно ја испеаја „Не кажувај либе добра ноќ“.

Кариерата на Нина трае три децении, минатата година во октомври беше во Скопје, но очигледно Македонија ја сака и затоа доаѓа на нејзните настапи.