После едвај два месеци романтична врска, пејачата Мајли Сајрус (26) и блогерката Кејтлин Картер (31) ја прекинаа врската, пренесува магазинот „Пипл“. Откако се разведоа од поранешните мажи тие две не криеја дека уживаат во љубовта, а папараците често пати ги фотографираа како се бакнуваат на јавни места.

Двете дури почнаа да живеат заедно во Лос Анџелес, но по се изгледа „сè што е слатко, трае кратко“.

Раскинаа, но и понатаму останаа добри пријателки. Тие отсекогаш беа другарки и се тука си беа една за друга, па дури и откако се раздвоија. Само ете веќе не се во љубовна врска, изјави извор близок на поранешниот пар.

За потсетување Мајли и актерот Лијам во брак беа осум месеци, а како што изворите блиски до поранешните сопружници тврдат, причината за нивниот развод не било изневерувањето од страна на Мајли и дека таа пред да ја отпочне врската со познатата блогерка веќе одлучила да стави крај на бракот со Лијам.

Имено, таа не можела да поднесе тоа што Лијам како што се наведува многу конзумирал алкохол и наркотици, а нејзе тоа, како поранешна зависничка од наркотици и паднало многу тешко.