Мадона само што издаде нов албум, а доживеа и дебакл на Евровизија, за кој со  денови  се разговараше, сега изненади со шокантни детали од нејзиниот живот за тоа што и нуделе  во замена за добра песна или спот.

Нејзиниот нов албум предизвика контрадикторни реакции, а таа веќе некое време постојано се појавува во медиумите. Во едно од нејзините последни интервјуа, Мадона зборуваше за почетоците на нејзината кариера.

Не знам ни сама колку мажи ми го кажале ова: „Океј, но ако ние …“ или „Океј, ќе го сторам тоа ако спиеш со мене“. Толку многу што ова не е нормално. Сето тоа стана како валута – рече таа и додаде дека е навистина жал што жените во музиката не зборуваат почесто за злоупотреба, што таа ја има на секој чекор.