Научниците тврдат дека е тешко да се дефинира кога точно некој човек станува возрасен. Истражувањата покажуваат дека луѓето не стануваат целосно „возразни” до 30-те години.
Научниците кои се занимаваат со истражување на мозокот и нервниот систем, сметаат дека возраста во која некој станува возрасен е индивидуална.
Истражување покажува дека мозокот на 18-годишник и понатаму минува низ промени, кои можат да влијаат на однесувањето и кои ја зголемуваат веројатноста за развој на менталните нарушувања.
Сметаме дека е апсурдно да се дефинираат годините кога лицето преминува од детство во возрасен период. Тоа е повеќе транзиција која се одвива во текот на три децении, истакнува професорот Питер Џонс од Кембриџ.
Тој претпоставува дека таквите дефиниции се поволни за образовниот, здравствениот и правниот систем.
Кога лицето ќе наполни 18 години може да гласа, да купува алкохол, да склучува брак, а полицијата кон него се однесува како кон возрасен.
Без разлика на тоа, професорот Џонс наведува дека верува оти судиите со искуство прават разлика меѓу обвинет 19-годишник и „криминалец“ во доцни 30-ти години.
Comments are closed for this post.