Дане Биорац e најпознатиот овчар во Србија.Тој  се населил во селото Голија пред шест годинии долго време живеел сам. Асега доби син Јован!. Му го роди Кристина која ја гледала   емисијата за него во својот дом во Сараево и тргнала да го бара.Кога нашла останала со него бидејќи се заљубила во ова момче. Плод на љубовта сега е Јован.

Син ми го крстив Јован, бидејќи славата ми е Свети Јован. Кога се роди први ми честитаа комшиите. Со нас беше и семејството на Кристина. Ние сме многу среќни! Најважно ми е породувањето да помина добро и бебето и жената да се добро – вели скромниот млад човек

Тој со жалење вели дека долго време живеел сам.

Ме виде во емисија, дојде да се запознаеме и беше тука три дена. Потоа отидов да се сретнам со нејзините родители, а набрзо таа забремени. Се плашев дали се ќе биде во ред бидејќи ни е прво дете. Свесен сум дека не можеме така лесно да стигнеме до лекар, но барем имаме струја – вели Дане и додава дека сега мора почесто од порано да оди во град:

– Порано не морав да се симнувам од планина во град два месеци, понекогаш и подолго. Тогаш одев само да набавам намирници. Сега морам да одам еднаш неделно затоа што ни требаат пелени за бебето, храна, влажни марамчиња, крема… Финансиски ми е малку потешко од порано, ништо не ми требаше, морав да јадам и да преживеам. а бебето е друга работа. Но, јас се снаоѓам, продавам добиток, косам, фармам. Работам по цел ден, како порано – вели ова момче..