„Југословенка“, „Ти си мој грех“, „Луда за тобом“, „Хеј шеки, шеки“…химни на неколку генерации, вечерва во Охрид одекнуваа од илјадници грла во публиката која во огромен број дојде на големиот концерт на Лепа Брена и пееја заедно со неа. Жената која е симбол на една музичка ера, жена која со својата харизма и моќен глас ја обележа историјата на балканската сцена.

Брена во Охрид ги отпеа најголемите хитови на начин што само Брена знае да го приреди. Спектакуларен настап, неколкупати ја промени гардеробата, на сцената имаше танчери, беспрекорни светлосни и визуелни ефекти, импресивна сценографија, врвни музичари.., а нејзините песни не се само тоа, туку емоции.

Концертот беше дел од нејзината турнеја „Имам песму да вам певам“, која веќе беше проследена со аплаузи и распродадени арени во Белград, Загреб, Љубљана и други градови низ регионот.
Comments are closed for this post.