За Лејди Гага оваа е година за паметење , кога ги собра најглавните награди во шоу бизнисот од Оскар , до Греми и Златен Глобус.

Од секој настап заработува по милион долари. И од соработката со познатите модни и козметички куќи инкасира милиони , така што годинава заработила 90 милиони долари , со што ја тргнала од тронот водителката Опра Винфри од листата на 100 познати личности на Форбс.

Гага во 2014 на Малибу си купила куќа од 22,5 милиони долари , а пред тоа живеела во пентхаус во Њујорк со поглед на Централ Парк , кој чинел 22 000 долари месечно за кирија.

Се проценува дека Гага е ,,тешка” 320 милиони долари , но секако според добиените награди оваа бројка се претпоствува дека е уште поголема.