По пет години, конечно е направена проценка на луксузната гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, која што му беше одземена поради случајот „Рекет“. Од Агенцијата за управување со одземен имот велат дека проценката е направена на сума од 595.640 евра, пренесе Фокус.
-За одземените предмети во случајот Рекет од осуденото лице Бојан Јовановски е изготвена процена и таа е во износ од 36.640.187,00 денари, ни одговорија од Агенцијата.
Проценката доцнеше бидејќи Бирото за судски вештачења не располагаше со проценител за ваква гардероба. Сега, откако е завршен овој чекор, наскоро се очекува да се отворат 71 вреќа со гардероба, чевли, часовници, чанти и накит, вкупно 1.208 парчиња на број, од познати модни брендови, како Луј Витон, Версаче, Долче и Габана, Гучи, Валентино, Диор… и да се понудат за продажба.
Comments are closed for this post.