Од Иницијативата “Култура или фискултура“ за денеска најавија средба со Претседателот Стево Пендаровски, на која уште еднаш ќе ги образложат своите барања за смена на директорот на овој културен центар, за кој сметаат дека е несоодветен кадар.
Почитувани медиуми, изминува вториот месец, а нашиот проблем останува статус кво. Игнорантскиот однос на ресорното Министерство кон нашите барања продолжува, правдата која ја бараме од правосудните институции е бавна, а нашата работа е комплетно блокирана. Токму поради тоа претставници од драмскиот ансамбл на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица на 23 март 2021 година во 10:30 ќе остварат средба во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски надевајќи се на целосна поддршка и изнаоѓање решение за нашиот проблем. Средбата ќе се оддржи во вила ВОДНО“, велат од Иницијативата.
Comments are closed for this post.