Кучето кое било напуштено од својот газда на автобуската станиц во селото Маметкино во Новосибирск чекал неколку месеци тој да се врати.Газдата го оставил во лето, дошло зима а од него ни трага ни глас. Но кучето чекало и на температура од минус 30 степени.
Ова верно куче чекало и се вртело секогаш кога ќе поминел некој сив автомобил бидејќи газдата имал таков.
Приказната за кучето брзо се проширила и тој бил посвоен од фамилија која го зела во својот дом, му дала ново име, Арчи и си игра со уште едно куче Бернардинец што го имале од порано.
Comments are closed for this post.