Дијана Хркаловиќ, поранешната државна секретарка на српското МВР откри дека Јелена Марјановиќ на колена го молела сопругот Зоран да не ја убие, но ниту тоа не и помогнало да ја избегне страшната судбина.
Хркаловиќ во емисијата на Миломир Мариќ во „Ќирилица“ рече дека не била директно вмешана во истрагата за тоа убиство, ниту било кое друго, но дека според информациите што ги имала полицијата, од почетокот била убедена дека Зоран ја убил Јелена.
Таа додаде дека полицијата уште по првите неколку дена знаела дека нејзиниот сопруг Зоран е убиец.
– Жената го молела на колена. Не треба да се мистифицираат работите, жената клечела, плачела, го молела да не ја убие. Мислам дека треба да ставиме крај на тоа и да го осудиме тој човек, како што судот го осуди, за брутално злосторство од страст.
Comments are closed for this post.