Крава од Австралија преку ноќ стекна светска слава, откако медиумите ја прогласија за најголема на светот.
Станува збор за кравата Никерс, која е висока два метра и тежи неверојатни еден и пол тон.
Гордиот сопственик на фармата, близу градот Перт, вели дека е изненаден од интересот на медиумите, кои доаѓаат да го снимат џиновското говедо.
Тој вели дека неколку пати се обидел да ја продаде, но оти локалните кланици немале интерес, стравујќи дека поради нејзината големина, нема да можат да го обработат нејзиното месо.
Comments are closed for this post.