Членовите на групата „Квин“ станаа побогати од британската кралица, бидејќи успехот на филмот „Боемска рапсодија“ на секој од нив им донесе по уште 25 милиони фунти, односно 29 милиони евра, покажува листата на богати на „Сандеј Тајмс“.
Тројцата преостанати членови на бендот заедно имаат 522 милиони евра, додека богатството на кралицата Елизабета Втора се проценува на 434 милиони евра, кога би се иземале кралскиот имот и збирката на уметнички дела.
Кралицата Елизабета Втора беше на врвот на листата најбогати пет години од 1989 до 1994 година. Меѓутоа, критериумите сега се сменети, така што од нејзиното богатство се изземени кралскиот имот и Кралската збирка на уметнички дела.
Comments are closed for this post.