Во ВИП Арена „Борис Трајковски“ утре ќе биде одржан хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески, каде ќе биде промовиран неговиот нов албум „Тајно место“(Secret Place).
На концертот ќе настапуваат многу македонски и балкански ѕвезди меѓу кои и Каролина Гочева, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, Александра Јанева, Антониа Гиговска, Огнен Здравковски, Денис Димовски, Александар Тарабунов, Наум Петрески, Борис Новковиќ, Владо Калембер, Ања Рупел, групата „Фрајле“ и Борис Режак.
Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески, на утрешниот концерт ќе ја изведе песната „We are blood“, што се наоѓа на новиот албум.
Имено, ексклузивно за публиката на концерот ќе биде прикажани и два спотови за две нови композиции од албумот „Secret Place“.
Андреј Николовски, директорот на Фондацијата „Тоше Проески“, наведе дека новиот албум е работен во студиото на британскиот продуцент Енди Рајт.
Повеќе од две години Фондацијата макотрпно собирајќи на некој начин дел по дел од наследството што ни го остави големиот Тоше, успеа на едно место да стави 10 музички нумери. Седум се комплетно нови необјавени, додека три се појавуваат како демо-верзии, прецизираше Николовски.
Продуцентот Рајт посочи дека од технички аспект било тешко да се работи на албумот бидејќи снимките од починатиот Тоше Проевски се постари од 10 година, а технологијата секојдневно се модернизира.
Тој се осврната на песната „Secret Place“, како што е и именуван новиот албум, наведувајќи дека во неа се опишува „тајното место“ кое Проески го имал и каде го наоѓал мирот.
Comments are closed for this post.