Најбараните криминалци во светот се лица со кои дефинитивно не сакате да си имате работа. Тие се најозлогласените, секојпат во движење и со години успеваат да не бидат фатени. Еве ја листата на 10-те најбарани криминалци во светот, кои, најверојатно, ќе останат на листата подолго време.

1. Ајман Ал Завахири

Ајман ал-Завахири е актуелен лидер на Ал-Каеда. Тој беше прогласен за лидер на Ал Каеда набргу откако беше убиен Бин Ладен во 2011 година. Пред тоа, тој беше оперативен и стратешки командант и беше врховен поручник на Бин Ладен во организацијата.

Египќанецот Ал-Завахири имал директна врска во бомбашките напади во американската амбасада во 1998 година во Најроби, Кенија и во Дар ес Салам, Танзанија, во кои загинаа стотици луѓе.

Во 2012 година, Ал-Завахири објави повик до муслиманите да киднапираат туристи од Западот кои се во посета на муслиманските земји. Тој е на слобода и е еден од најбараните криминалци во светот. Стејт Департментот на САД нуди 25 милиони долари за какви било информации за локацијата на актуелниот лидер на Ал каеда.

2. Давуд Ибрахим

Давуд Ибрахим е најбараниот човек во Индија. Тој е криминалец и го води индискиот организиран криминален синдикат „D-Company“. Тој ја основал организацијата во 1970-тите години и е баран од 1980-тите години, иако тој не преставувал глобална закана до 2003 година.

Ибрахим во моментов живее во Пакистан, иако пакистанската влада негира дека е во земјата. Тој се смета дека е човекот зад бомбашките напади во Бомбај во 1993 година, во кој беа вклучени серија од 12 експлозии на бомби во Мумбај, Индија. Во нападите загинаа 257 луѓе и повредија 717 други.

Ибрахим и „D-Company“ главно дејствуваат во Индија, Пакистан и Обединетите Арапски Емирати. Тој се бара за голем број обвиненија, меѓу кои и за убиство и трговија со дрога. Како и за Ајман ал-Завахири, за негово пронаоѓање понудена е награда од 25 милиони долари.

3. Абу Бакар Ал-Багдади

Абу Бакар ал-Багдади е лидер на милитантната терористичка организација позната како Исламска држава. Ал-Багдади беше дел од Ал Каеда од 2006-2013 година. Покрај злосторствата поврзани со тероризмот, тој е обвинет за киднапирање, заробување и силување на американската активистка за човекови права и хуманитарка, Кејла Милер.

Се верува дека Ал-Багдади, врвна цел во војната против ИСИС, во моментов се крие во Рака, Сирија, иако во последните две години има бројни различни извештаи за неговото апсење па дури и смрт. Американскиот Стејт департмент нуди 25 милиони долари, покрај основните 10  милиони, за сите информации што може да доведат до негово апсење или смрт.

4.Семион Могилевич

Се верува дека Семион Могилевич е шеф на шефовите на синдикатите на руската мафија ширум светот. Тој командува со огромна криминална организација вклучена во шверцот на оружје, трговија со дрога, нарачани убиства, проституција, измама и можеби дури и шверц на нуклеарни материјали.

Могилевич се смета за најопасен мафијаш во светот и наводно има моќни политички врски насекаде во Русија. Во 2006 година, поранешниот член на тајната служба на Русија, Александар Литвиненко, изјави дека Могилевич има „добри односи“ со актуелниот руски претседател Владимир Путин. Литвиненко беше убиен преку труење со радијација кратко време откако даде таква изјава.

Могилевич живее слободно во Русија. Тој беше уапсен во 2008 година во Москва за даночно затајување, но беше ослободен следната година. Се најде на листата на ФБИ во топ десет најбарани во 2009 година, но беше тргнат во 2015 година, главно поради тоа што САД и Русија немаат договор за екстрадиција, што во основа го прави недопирлив за ФБИ.

5. Матео Месина Денаро

Матео Месина Денаро е сицилијански мафијашки шеф, кој сега се смета за шеф на шефовите во злогласната криминална организација, по смртта на Бернардо Провенцано и Салваторе Реина, како и по апсењето на Салваторе Ло Пиколо во 2007 година. Тој се покажа како една од неостварливите цели за италијанската полиција, успешно одбегнувајќи апсење неколку пати во минатото.

„Диаболик“, како што е неговиот прекар, се издвојува поради својот животен стил, што е во контраст со другите шефови на мафијата кои се држат до конзервативните семејни вредности. Денаро е женкар, вози скапи автомобили, носи луксузни часовници и ги претпочита висок стил на живеење.

Денаро беше вклучен во изнуда и нелегална трговија со дрога, од која втората предизвика ФБИ да внимава на овој шеф на мафијата. Во 1993 година, Денаро одигра голема улога во серијата бомбашки напади организирани од неколку шефови на мафијата во Италија. Во нападите загинаа 10 лица, а повредени беа 93 други. Денаро не е виден од бомбашките напади.

6. Алимжан Токтахунов

Алимжан Токтахунов е руски бизнисмен осомничен дека е вмешан во организиран криминал. Се верува дека го нарекуваат „Тајванчик“ поради неговите карактеристични азиски црти на лицето. Обвинет е за бројни злосторства, кои вклучуваат шверц, местење на натпревари, вршење измами и водење нелегален коцкарски ланец.

Токтахунов е можеби најпопуларен поради тоа што бил обвинет за подмитување судии за време на Зимските олимписки игри во 2002 година во Солт Лејк Сити. Тој бил уапсен од страна на италијанските власти на барање на САД, но подоцна бил ослободен пред да биде екстрадиран.

Како и Семион Могилевич, Токтахунов живее слободно во Русија и е прилично недопирлив за американските власти.

7. Фелисиен Кабуга

Фелисиен Кабуга бизнисмен и милионер од Руанда. Тој е најбараниот човек во Африка заради негово директно вклучување во геноцидот во Руанда, едно од највпечатливите случки во човечката историја. Кабуга го стекнал своето богатство преку фарми за чај во Руанда, што ги користел за финансирање на геноцидот во земјата.

Кабуга, наводно, ја финансирал Радио Телевизијата „Libre des Mille Collines“, која извршила огромна улога во поттикнувањето на насилството во Руанда. Не само тоа, тој, исто така, ги снабдувал со оружје банту народот Хути, увезувајќи 500.000 мачети. Речиси еден милион луѓе беа убиени од пријатели, соседи и странци под влијание на масивна пропагандна кампања.

За неговата улога во геноцидот, Кабуга доби бројни обвиненија од Меѓународниот кривичен трибунал на Обединетите нации за Руанда, вклучувајќи заговор за извршување на геноцид и соучество во геноцид. Кабуга, сепак, останува недостапен уште од неговото бегство откако Руандскиот геноцид заврши со Руандскиот патриотски фронт. Се верува дека тој живее и работи во Кенија.

8. Омид Тахвили

Роден во Техеран, Иран, Омид Тахвили е главен член на семејството на организиран криминал во Канада. Тој, наводно, работи надвор од иранската заедница во Канада и е поврзан со други меѓународни криминални организации.

Тахвили неколку пати бил апсен од страна на властите, но избегнувал целосно издржување на казните на еден или друг начин. Тој избегал од затвор со максимална безбедност во 2007 година потпомогнат од чувар кого го подмитил. Тахвили е на слобода и се смета за еден од најбараните криминалци во светот.

9. Исмаил Замбада Гарсија

Исмаил Замбада Гарсија е лидер на картелот Синалоа, меѓународен синдикат на организиран криминал кој главно работи од Куликан, Мексико. Картелот Синалоа се смета за една од најмоќните организации за трговија со дрога во светот.

„Ел Мајо“, го презеде раководството на картелот Синалоа кога Хоакин „Ел Чапо“ Гузман беше уапсен во 2016 година. Тој е најдолготраен господар на дрога во Мексико и веќе неколку години е активен во трговијата со дрога. Гарсија користи различни методи за доставување дрога во САД, која вклучува авиони и чамци. Во моментов за него има потерница вредна 5 милиони долари.

10. Џозеф Кони

Џозеф Кони е водач на Армијата на отпорот на Господ, герилска група која е активна уште од 1987 година. Тој е самопрогласен пророк и тврди дека се бори за Десетте заповеди.

Герилската група претходно оперираше во Уганда пред неодамна да се пресели во Демократска Република Конго, во Централна Африканска Република и во Јужен Судан. Предводени од Кони, групата е вклучена во масовни киднапирања на деца и држени под присила да станат сексуални робови или деца војници за неговата кампања.

Во 2005 година, Кони беше обвинет од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за воени злосторства и злосторства против човештвото. Но, тој се уште, не е зад решетки.