Земјите во светот постојано се натпреваруваат на разни полиња, а архитектонските достигнување се едно од значајните мерила каде и на кое ниво се наоѓа една нација. Новите технологии, пак, придонесоа некои футуристички проекти да станат реалност. Високите згради покажуваат колку една нација е богата, напредна и во технолошка смисла.
Зачудувачки е колку брзо се случуваат промените и стремежот архитектонски да се оди се повисоко и повисоко.
Само пред 20 години Кулите Петронас во Куала Лумпур беа симбол за нешто дотогаш нвидено, зданија кои стасаа до над 400 метри…Но, потоа дојде Бурџ Калифа во Дубаи, со фантастични 828 метри во небото, а тоа не бил крајот…Кои се и кои згради во скоро иднина ќе бидат највисоките во светот?
Да почнеме од десеттото место:
10. Скајфејм централната кула во Нанинг, Кина ќе биде завршена во 2021 година, а ќе има 108 ката и ќе биде висока 528 метри.
9. Зун кулата – Пекинг, повторно во Кина исто така е висока 528 метри. Важно е да се истакне дека е тоа највисоката зграда подигната во зона на земјотреси, а е завршена во 2018 година.
8. Финасискиот центар во Тианѕин, Кина, дизајнирана според Скидмор во Чикаго, има само 97 ката, но е висока 530 метри. Исто така е завршена во 2018.
7. Светската кула Лоте, во Сеул, Кореја ќе биде зграда со 123 ката, а ќе има и деловен и станбен и трговски простор, како и хотел. Ќе биде висока 554,5 метри. Нејзината надворешна конструкција е веќе готова.
6. Светскиот финансиски центар во Шенјанг, Кина, е зграда од 114 ката и се гради според дизјнот на британската архитектонска фирма Аткинс. На врвот на зградата ќе има екстравагантен автосалон.
5. Голдин фајнанс во Тиајѓин, Кина, е петта зграда по височина во Кина. Има 128 ката и достига 596,5 метри во небото.
4. Финансискиот центар Пин Ан во Шензен, Кина, е 115-катница, отворена годинава со три години доцнење. Висока е 599 метри.
3. Мердека ПНБ во Кула Лумур, Малезија ќе достига до 630 метри и ќе има 118 ката. Се очекува да биде готова во 2020 и ќе биде највисоката структура во Малезија и конечно ќе ги престигне светски популарните Кули Петронас.
2. Вунан Гринланд центарот во Вунан, Кина беше отворен во 2018 година достига до 636 метри и тој е чудо на науката и техниката, особено по прашањето за енергетската ефикасност.
Но, Кина можеби е рекордер во изградбата на висококатници, ја одбележа 2018 година, но приматот на највисока зграда ќе биде..
1. Кулата во Џеда, Саудиска Арабија, по десет години на тронот ќе ја замени Бурџ Калифа со нејзините 828 метри. Кулата во Џеда ќе биде отворена во 2020 и ќе достига фантастични 1.000 метри. Дали 1 километар во небо ќе биде крајот на архитектонските чуда во оваа ера?
Comments are closed for this post.