Најпознатиот светски топ модел , Клаудија Шифер , кон крајот на овој месец го слави 48. роденден , но и натаму изгледа фантастично.
Доказ за тоа се фотографиите што ги направи за италијанското издание на магазинот „Вог“ , а на насловната страница на новиот број , славната Германка се појавува целосно гола.
Шифер слави 25 години откако за прв пат се појави на насловната страница на култниот магазин: уште во 1994 година, се појави на насловната страница на шпанскиот Вог.
Манекенката на својот Инстаграм објави фотографија од насловната страница и им се заблагодари на сите нејзини колеги.
Comments are closed for this post.