Ајралнд Болдвин остана само по гаќички и чевли со високи потпетици на хотелската тераса во Њујорк. Дваесет и тригодишната ќерка на Алек Болдвин и Ким Бесинџер испрати и порака до управата на хотелот дека повеќе нема да биде нивни гостин. Причина – објавената фотографија.
Болдвин е познат поддржувач на движењето за прифаќање на сопственото тело такво какво што е, особено откако откри дека страдала од анорексија.
Како мало девојче се борев со многу предизвици околу исхраната и требаше да помине многу време за да ја откријам љубовта кон сама себе и да се прифатам таква каква што сум – изјави таа.
Comments are closed for this post.