Пејачот Дарко Лазиќ добива закани од луѓе од земал пари на заем. Станува збор за „жестоки момци“ на кои Дарко наводно им должи 300.000 евра.

Тие биле бесни кога го гледале како пејачот живее луксузно и се расфрла со пари, троши на мотори и уредување на станот со кој има намера да живее во вереницата и бебето кое треба да се роди.

Дарко се правдал дека парите ги трошел на лечењето од сообраќајката и оти сите ќе ги врати бидејќи почнал да пее на тезги.

Дека ситуацијата е сериозна говори фактот што Дарко добивал закани дека ќе заврши како неговиот колега Шабан Шаулиќ кој загина под чудни околности во сообраќајна несреќа во Германија.