По 42. пат, од 19. до 24. овој месец во Маврово ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Снежен град – 2019“, на која ќе учествуваат ученици од основни училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово.
Како што информира организаторот на манифестацијата – Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје, екипите се составени од по десетина деца со свој ментор и тие со потребните алатки ќе ја градат своја склулптура и ќе ја прикажат својата креативност и умешност.
Децата кои учествуваат на снежен град користејќи ја својата фантазија, се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект кој што тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури, велет од Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје.
Во рамките на манифестацијатаќе се одржат и други активности од забавно-рекреативен карактер, како избор на снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и забава во дискотека за учесниците.
На 24 февруари во 11 часот децата – градителите заедно со директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска Серафимовска ќе го претстават и свечено ќе го отворат „Снежниот град“ за сите посетителите кои ја сакаат оваа уметност да ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег.
Comments are closed for this post.