По санкциите што Западот ги воведе кон Русија по агресијата врз Украина, многу светски познати производители на автомобили го напуштија рускиот пазар. Но не и Кинезите.

Според продажните резултати од август, најпопуларен модел во Русија останува Lada Granta, која ја избрале 11.302 клиенти (+73,4%).

За прв пат, кинескиот кросовер Haval Jolion стана лидер меѓу странските автомобили, со тираж од 2.049 единици (продажбата е зголемена за 2,9 пати).

Третото место го зазеде Lada Vesta со 1.880 испорачани автомобили, што е за 83,9% помалку од претходната година, покажуваат податоците на агенцијата Autostat.ru.