Актерот Кирил Поп Христов повторно се врати во својот матичен театар. По неколкугодишното живеење на Еквадор и паузата од театарската сцена, тој од јули 2018 година е повторно вработен Македонскиот народен театар, објави „Независен весник“.
Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година.
Во Македонски народен театар се вработи во 1993 година и беше негов матичен театар сè до 2014 година, кога Кили се отсели на Еквадор.
Comments are closed for this post.