Српскиот новинар и стенд ап комичар Зоран Кесиќ синоќа имаше одличен настап во Македонската филхармонија. Два часа ја замејуваше публиката со својот ироничен хумор. Сарказмот, но оној интелегентниот е негов заштитен знак. Ред политика, ред музика, ред шеги за Македонците и нивните соседи, Грци, Бугари и Срби.

Подобро да сте Северна Македонија отколку Јужна Србија, верувајте. И така никој не ве вика така. Еве мене ни мајка ми не ме вика Зоран туку само Кесиќ.
Тој вели дека се надева дека нема да биде уапсен во Македонија бидејќи тој не е Аца Лукас.
Од Грците сте го зеле Александар, Бугарите од вас Гоце Делчев.А да ви го дадеме малку Вучиќ. Не го сакате, а ? ја праша Кесиќ публиката.

За крај Кесиќ порача дека државите во регионот ги обединува корупцијата и мразењето а на публиката и подели под 100 марки со неговиот лик со комеентар дека на времето кој имаше 100 марки на времето беше „цар“ а сега сто евра не вредат ништо.







Comments are closed for this post.