Таа е жена, која буквално ќе ви ја сокрие топката. Ова се првите зборови, што ви паѓаат на ум кога ќе ја видите…

Се вика Лоран Сеселман и е дел од женската фудбалска репрезентација на Канада. На клупско ниво заслепувачката спортистка ги брани боите на Санта кларита блу хит, а нејзина позиција на теренот е бек.

Во својата кариера 35-годишната убавица има и солидни успеси-златен медал од Панамериканските игри во Мексико во 2011, како и бронза од Олимписките игри во 2012 година.

Но, тоа не е единствената нејзина професија. Сеселман се појавува и како модел, актерка, фитнес инструктор и дизајнерка.