Британија не била отсекогаш остров како што знаме, зашто во последното ледено доба била споена со остатокот од Европа. Тоа било така до пред осум милениуми кога гигантско цунами го предизвика првиот брегзит во историјата.
Тоа било во времето кога ловците се распространиле секаде низ северна Европа откако се стопиле глечерите. И додека овие мезолитски племиња се населиле во новите места, земјата наречена Догерленд, која ја поврзувала Британија со бреговите на Холандија, Германија и Данска, околу 6.200 година пред нашата ера, огромно цунами предизвикало подводна лавина (наречена Сторега) која се протегала 290 километри од кониненталниот брег на Норвешка и ја потопил бритнанска „Атлантида“.
Бранови високи до 25 метри, доволно да достигнат до седми кат на зграда, кои се движеле со брзина од 35 метри во секунда (126 километри на час) просто ги збришала бреговите на Англија и на Шкотска.
Се случило во еден миг, објаснуваат научниците, кои денес успеале да ги детектираат трагите од таа мега катастрофа која била пред нос, но до сега никој не ја пронашол. Цели 8.000 години по таа локална катаклизма се составуваат деловите од мозаикот и можеме да видиме што точно се случило.
Според Дејвид Смит, археолог на Универзитетот Оксфорд, цунамито насилно ја отцепило Британија од континентот и оставило длабоки бразди 40 километри во внатрешноста на земјата. Смит трагите ги открил во близина на брегот на Монтроз во Шкотска.
Најважната откриена работа за смртоносното цунами е дека тоа било толку силно што уништило 23.000 квадратни километри од Догерленд и населбите кои му биле пред себе. Според Винс Гефни, автор на книгата „Изгубениот свет на Европа:Откривањето на Догерленд“, брановите од цунамито биле високи и до 40 метри.
Сега научниците се занимваат со прашањето што ќе се случи со Англија во нова катаклизма предизвикана од климатските промени, притоа отфрлајќи секаква можност дека островот повторно ќе се спои со остатокот од Европа.
Comments are closed for this post.