Без оглед на тоа дали со некого сте во врска неколку недели, неколку месеци или подолго, постојат некои знаци коишто покажуваат дали врската станала многу посериозна.
Ова се дел од показателите коишто навестуваат дека вие двајца сте подготвени за „следниот чекор“ во вашта врска.
Твоја гардероба во неговиот шкаф и обратно
Кога минуваш долго време кај партнерот, многу е веројатно дека барем некои парчиња од твојата облека ќе се најдат во неговиот шкаф или обратно и тоа е еден од знаците дека сте во сериозна врска. Тоа е доказ дека често се гледате и дека постои можност во скоро време да имате заеднички шкафови.
Во фрижидерот има намирници што двајцата ги сакате
Кога во фрижедерот има намирници, што двајцата сакате да ги јадете, тоа е сигурен знак дека не само што имате ист вкус, туку имате и сериозна врска.
Твои работи во неговата бања и обратно
Твој шампон на работ од кадата, поставен веднаш до неговиот гел за туширање. Имаш две четкици за заби, една во својот, една во неговиот дом. Тоа се знаци што јасно покажуваат дека вашата врска не е повеќе без обврски или обичен флерт, туку дека сте на чекор од заеднички живот.
Лозинки за мејлови и профили на социјалните мрежи
Кога партнерите се коишто подолго време се заедно и не кријат ништо еден од друг, тогаш кажувањето на лозинките или пиновите за кредитните картички не е ништо револуционерно. До такво нешто доаѓа поради брзината на животот и олеснување на секојдневието. Сепак, тоа мора да се случи без присила, уцени или притисок. Доколку партнерот ти ги открие своите лозинки сигурно не планира да биде со тебе само уште неколку денови.
Запознавање со родителите
Кога партнерот ќе те претстави на своите родители, тоа е сигурност дека си во сериозна врска. Затоа што, ти сигурно нема кого било да запознаеш со твоите родители. Тоа е привилегија наменета за личноста со која вашите родители сигурно ќе се гледаат уште многу пати.
Се јавува на твојот телефон
Овој чекор е многу високо на скалилата на сериозната врска и стои веднаш до доверувањето на лозинките и пиновите. Кога твојот телефон ќе заѕвони и твојот партнер ќе се јави тоа дефинитивно е знак дека сака сериозна врска. Сака да ги познава луѓето коишто те опкружуваат. Истото значење го има и тоа кога ќе ти рече ти да се јавиш на неговиот телефон затоа што во тој момент е зафатен.
Comments are closed for this post.