Возачите од целиот свет си го поставуваат прашањето дали слепо мора да се следат упатствата на уредите за навигација. Еден бизарен случај од предградието на американскиот град Питсбург покажа како жена по секоја цена вози според упатствата.
На 21 овој месец, полицијата добила дојава дека на пругата има автомобил. Кога дошле на местото, не можеле да си дојдат на себеси од изненадување.
Виделе жена како вози автомобил качен на пругата. Кога ја запреле , сериозно одговорила дека возела по шини зашто така и покажала сателитската навигација.
Полицајците, во неверување провериле дали жената е под дејство на дрога или алкохол , но се испоставило дека е трезна и ја кажува вистината.
Comments are closed for this post.