Јапонија од неодамна остана без еден свој мал остров, блиску до својата морска граница со Русија, поради кој би можела да остане без дел од своето територијално море. Се верува дека ненаселениот остров Есанбе Ханакита Којима се изгубил под водата, а исчезнувањето не го приметиле ниту жителите на селото Саруфутсу кое се наоѓа на северот од островот Хокаидо, оддалечен на само 500 метри од исчезнатиот остров.
Есанбе е само еден од многуте ненаселени оствори на Јапонија. Јапонската Влада името на овој остров го дала пред четири години, како јасно би ја исцртале својата територија. Јапонските острови имаат многу значење за Јапонија, особено поради територијалните спорови со Кина.
Исчезнувањето на островот го приметил еден писател кој го посетил селото Сарафутсу со цел да се посвети на пишувањето на книгата „јапонските скриени оствори“ каде што требало да биде опфатен и островот Есанбе. Но, тој видел дека таков остров не постои, и веднаш ги известил службите. Тие истакнале дека таму имало остров, и според првичните испитувања, сега се наоѓа под водата.
Comments are closed for this post.