Гоца Шаулиќ, вдовицата на кралот на фолк музиката  станала предмет на интерес на инспектор, кој со години го познава семејството Шаулиќ. Во времето кога Шабан бил жив, Гоца му била само тивка болка на инспекторот, а сега, по неговата смрт, анонимниот инспектор се обидува да ја придобие.

И Гоца и Шабан беа многу добри со тој инспектор… Гоца се радуваше што излегуваа со него секогаш кога ќе ги повика неа и Шабан, двајцата го ценеа како пријател – вели добро упатен извор на семејството Шаулиќ.

– Сите ние што бевме во тоа друштво, знаевме дека е слаб на Гоца, но и самиот беше свесен дека Шабан е единствен за неа. Меѓутоа, сега кога, за жал, се случи тоа што се случи, тој е упорен да го добие, дури и фантазира да и предложи брак.